Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Пет начини да го спречите ракот!

За 16 години отсега, бројот на луѓе заболени од рак може да биде намален за половина. Дотогаш, борете се против оваа опасна болест со помош на следниве трикови:

Потете се секој ден

Истражувањата на Универзитетот во Вермонт покажале дека луѓето кои редовно вежбаат имаат 68% помалку шанси да се разболат од рак на белите дробови и 38% помалку изгледи да добијат рак на цревата, од оние што се помалку физички активни. Дури и кај пациентите кај кои веќе бил дијагностициран рак,  дошло до подобрување на резултатите благодарение на редовното вежбање. Со кардио-тренингот станувате поотпорни на воспалувања, го регулирате нивото на хормоните, а вашиот имунолошки систем станува појак.

Избегнувајте пржена храна

ЛУѓето кои јадат помфрит, пржено пилешко, пржена риба или крофни, еднаш или повеќе пати во неделата, имаат и до 37% поголеми шанси да заболат од рак на простатата. Маслото кое се загрева на високи температури предизвикува развивање на канцерогени соединенија во храната.

Пијте сок од калинка

Истражувачите од Универзитетот Висконсин во Медисон откриле дека сокот од калинки може да го намали растот на ракот на белите дробови. Освен тоа, претходните студии покажале дека на овој начин може да се одложи почетокот на ракот на простатата кај глувците, како и да се стабилизира нивото на ПСА протеините кај мажите кои веќе се лечеле од рак. Пијте 500 милилитри сок дневно, бидејќи тој е богат со полифеноли, изофлавони и елагични киселини кои можат да се здружат во борбата против ракот.

Станете

Виновник за над 92.000 случаи на рак годишно е предолгото седење, сугерираат научниците од Американскиот институт за истражување на ракот. Во опасност сте дури и ако вежбате редовно. Наместете го аларамот на вашиот телефон да ве потсетува дека треба да стоите 1-2 минути на секој час. Тоа ќе ви помогне да го намалите нивото на молкулите поврзани со ризикот од рак во вашето тело.

Дополнете ја исхраната со витамин Д

Луѓето кои ја дополнуваат својата исхрана секојдневно со 1.000 единици на витамин Д имаат можност да го намалат ризикот од рак за дури 77% во текот на четири години. Витаминот Д го има во лососот, сардините и печурките шитаки.

Прочитај

Лице

Пудрите за лице кои претежно дамите ги користат имаат цели палети на нијанси и намени за различни видови на кожа. Но, сега пристигна најновиот...

____баланс новости и трендови

Потењето во некои случаеви претставува нормален имунолошки одговор на инфекција кога телото ја зголемува температурата обидувајќи се да ги убие бактериите или вирусите. Но...

____лајфстајл features

Кафеавата чивава Мирикл Мили од Порторико е најмалото куче на светот со висина само од 9,65 сантиметри.   Таа е во сопственост на Венеса...

____celebrity

Изгледа и Џастин Бибер сака да биде бунтовник без причина, па на својата насловна на Facebook објави фотографија на која позира како легендарниот Џејмс...