Ако сакате да заблискате во летната облека и костимите за капење, придржувајте се до овие совети и вашите гради ќе изгледаат подобро од било кога!
Хидратација
Градите немаат многу масни ткива и кожата во овие предели е многу тенка, поради што им е потребна богата хидратација.
Масажа
Ова е еден од најдобрите начини да ја спречите појавата на предвремени брчки на градите. Масажата со ладна вода ја потикнува циркулацијата и ја спречува појавата на брчки. Насочете го млазот вода од тушот према градите, и масирајте ги во насока на стрелките на часовникот. Десетминутна масажа ќе направи чуда за вашите гради. Еднакво е делотворна и масажата со коцки замрзнато млеко. Но имајте на ум дека кожата на градите е многу осетлива, па затоа масажата мора да биде нежна.
Маска
Исто како и на кожата на лицето и кожата на градите и е потребна маска за да биде здрава и убава. Изгмечете банана, додајте две капки маслиново масло и смесата нанесете ја на градите. Оставете да делува 30 минути, па потоа отстранете ја со млака вода.
Вежбање
Вежбите како склековите се делотворни за градите. За да бидат поефективни, за време на изведувањето на склековите, лактите држете ги колку можете поблиску до телото.

You must be logged in to post a comment Login