Доведете го мозокот во топ форма со мудри избалансирана исхрана.
Зелен чај
Според многу истражувања, пиењето на зелен чај ги подобрува когнитивните функции. Сепка, не треба да се претерува, бидејќи доволно е една до две шољи чај на ден.
Плава риба
Туна, скуша, лосос, сардела, харинга… Сите морски риби се богати со омега – 3 масни киселини, кои директно влијаат на памтењето. Според едно истражување, оние кои јаделе риба барем еднаш неделно имаат 10 проценти помалку пад на менталните способности од ние кои не јадат риба.
Боровница
Различни истражувања покажале дека боровницата ги подобрува когнитивните функции. Соединенија во боровницата, како антоцијан, помагаат во спречување на губиток на памтењето, што доаѓа со годините
Овес
Овесот е житарица која е богата со влакна и содржи фолна киселина, која ја зголему моќта на мозокот. И други житарици се добри извори на фолна киселина.
Куркума
Таканаречен ,,индиск шафран”, ја дава бојата на карито, содржи антиоксидански, кои се борат против воспаленија и ја подобрува функцијата на мозокот.
Брокули
Брокулите се богати со антиоксиданси, како и многу други зелени зеленчуци.

You must be logged in to post a comment Login