Истражувачите од еден американски институт објавија труд под името ‘’Која диета е најдобра за здравјето?’’ во кој добро се проучени најпопуларните диети, вклучувајки ги нископротеинските диети со помалку маснотии, медитеранската, палео и вегетаријанската диета. Заклучокот е дека нема победник, туку од секоја диета треба нешто да се научи.
Диетата која ќе ви помогне во борбата против болести и влошено здравје е онаа храна која е минимално обработена, а која е составена воглавно од билки. Дали ни беше потребен научен труд за да го знаеме тоа? Па и не баш, но секогаш е добро да го утврдиме знаењето за правилната исхрана.
Па, ако сакате да ослабете на здрав начин, јадете органска храна, се што е непреработено, не содржи додадени масти, сол и шеќер, па така лесно ќе ја постигнете и задржете витката линија.

You must be logged in to post a comment Login