Кај поголемиот број на луге проблемите од психичка природа и нивното решавање лежат во правилната мотивација и креирање на планот на диета. Еве неколку тактики кои ќе ви помогнат во тоа.
Не велете ‘’Сакам да ослабнав’’, туку ‘’Ослабнав пет килограми’’. Пробајте што поблиску и попрецизно да ја дефинирате целта.
Водете дневник за диете. Секој ден запишувајте колку калории сте внеле и колку сте ослабнале како и колку долго сте вежбале и што сте изеле. На тој начин ќе откриете кој режим на исхрана и вежбање најмногу ви одговара.
Бидете реален оптимист. Не си задавајте недостижна цел, но бидете доволно самоуверени и имајте верба во себе дека тоа што сте го зацртале, тоа и ќе го оставрите.
Зајакнете ја својата желба. Големиот број на луѓе често паѓаат во искушенија дали да изедат калорична храна или дали да го скокнат вежбањето. Секој пат кога ќе сакате да се откажете, сетете се на целта која сте ја поставиле и колку до сега сте постигнале, за да ја пребродите кризата.

You must be logged in to post a comment Login