Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Како го уништуваме организмот а за тоа не сме ни свесни

Можеби не сте ни свесни за некои од овие навики, но сите влијаат лошо на нашето здравје.

Легнуватe касно, станувате рано

Уште од детство не учеле дека треба порано да легнеме, посебно ако треба рано да станеме. Можеби тоа ви немало смисла, но сега кога имате толку обврски во текот на денот, најмалку што ви треба е свесно да го исцрпувате организмот. Сепак и понатаму тоа го правиме. Секогаш имјте во предвид дека на телото едноставно му треба одмор за нормално да функционира. Спиењето и одморот влијаат на сите функции на организмот, од метаболизмот до телесната тежина.

Го дехидрирате организмот

Дехидратацијата предизвикува тромавост, главоболка, грчеви во мускулите и вртоглавица. Многу луѓе пијат вода само кога ќе осетат жед, а всушност тоа значи дека веќе сте дехидрирани. Со себе секогаш носете флаша вода и создадете си навика за пиење вода во текот на целиот ден.

iStock_000010539646Medium

Го прескокнувате доручекот

Една од осум возразни личности го прескокнува доручекот. Нутриционистите никогаш не пропуштаат прилика да нагласат колку е важен доручекот за целиот метаболизам и дека тој оброк не треба да биде комплициран. Доволно е да земете некое овошје, житарици, тост, јогурт или било што што ќе ве засисти до ручекот.

Заборавате да користите конец за заби

Користењето на конец за заби е клучно во одржување на здрави заби и непца и заштита од бактерии.

Грицкате во доцните часови

Ако сте имале напорен ден, многу се големи шансите навечер по враќањето дома, да направите избор на не толку здрави состојки и да се прејадете. За да го избегнете ова сценарио напијте се голема чаша вода и одморете се.

Го прескокнувате самопрегледувањето на дојките

Најраспространет облик на меланом е меланом на дојка и од својата дваесета година би требало барем еднаш годишно да одите на преглед кај доктор. Во меѓувреме самопрегледувањето е едноставен начин со кој сами морате да го контролирате своето здравје. Правете го секогаш кога ќе се сетите, на пример пред туширање.

woman-doing-breast-exam

Носите огромна торба

Покрај тоа што носите еден куп непотребни работи, ги носите во огромна торба на едно рабо. Тоа доведува до проблеми со грбот, вратот и рамената поради дисбаланс. Инвестирајте во помала торба.

Преминувате од една диета на друга

Нема потреба да ви напоменуваме колку екстремните промени во исхраната и изгладнувањето влијаат на комплетниот огранизам. Клучот е во балансирана и разновидна исхрана, а витката линија ве чека и ако само ја исфрлите преработената храна, го намалите внесот на шеќер и ја зголемите физичката активност.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement