Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Храна која треба да ја избегнувате ако не сакате дебел стомак

Мастите на стомакот се најдобар показател дека вашето здравје е во опасност. Ако сте жена обемот на половината не треба да биде поголем од 90cm. Ако се поголеми од оваа вредност, ова е храната што треба веднаш да ја избришете од менито.
Рафинирани житарки

Чести примери на рафинирани жотарки се бел ориз, бел леб и бели тестенини. За разлика од целите зрна, на рафинираните житаркие им е изменета природната форма и драматично се зголемени шансите за зголемување на телесната тежина.
Полномасно млеко или 2% млеко
Повеќето знаат дека полномасното млеко е лошо за линијата, но и тоа со намалени масноти и калориите има многу маснотии, па влијае на изгледот на стомакот ако се консумира редовно.

Газирани пијалоци
Без оглед на тоа дали тоа се класични или диететски, ако се пијат мастите на стомакот ќе бидат неизбежен резултат.

url

Благи кифли
Треба да бидете свесни дека една кифла содржи околу 500 калории, а повеќе од половина од препорачаната дневна количина на шеќер.
Сирење
Сирењето е добар извор на калциум, но тоа е, исто така, извор на високо ниво на заситени масти. Дури и малите количини на сирење може да содржат половина од препорачаната дневна доза на масти.

Секоја храна која содржи транс масти
Дури и малите количини на транс масти може да влијааат на вашето здравје, но, исто така, можат да предизвикаат зголемување на мастите на стомакот. Храна која најчесто содржи транс масти се пекарските производи, микробранови пуканки и пржена храна.

Преработките од месо
Салама, виршли и колбаси може да бидат примамливи, но најдобро е да ги избегнете ако сакате рамен стомак. Обработено месо е богато со калории и заситени масти, и една од најчестите причини за зголемување на телесната тежина.

Чипс
Чипсовите доаѓаат во десетици различни вкусови и се една од најпопуларните форми на храна за удобност. Меѓутоа, вашиот стомак ќе ви биде благодарен ако не ги конзумирате. Тие се многу калорични, полн со сол и извор на транс масти.

 

Секоја храна со рафиниран шеќер
Храна богата со рафиниран шеќер има мала хранлива вредност и е полна со празни калории кои го зголемуваат нивото на гликоза во крвта.

Алкохол
Сите видови на алкохол оставаат последици на стомакот. Алкохолот го забавува горењето на масти и шеќери во телото. Исто така содржи празни калории.

 

Сол
Конзумирање на големи количини на храна и пијалоци кои содржат голема количина на натриум може да се создаде впечаток дека имате дебел стомак. Проблемот е во тоа што солта ја задржува водата во телото, а ќе биде видливо во областа на стомакот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement