Сите сокови не се произведуваат на ист начин. Се сеќавате ли на концентрираните сокови кои сме ги пиеле во осумдесетите? Никој ни нема кажано дека содржат околу четири коцки шеќер во една чаша. А што е со овошните шејкови од деведесетите? Истражувањата сега покажуваат дека и тие биле полни со шеќер.
Што се однесува до ладно цедените сокови, разликата е во тоа што плодовите се ситни и се цедат механички така да од нив се извлекуваат максималните хранливи состојки.
Заклучокот на испитувањата се дека сокот добиен на овој начин содржи околу пет пати повеќе витамини од соковите направени во центрифугалните соковници. Тие имаат и пократок рок на траење од само неколку денови.
– Ако купувате сокови со рок на употреба подолг од месец дена тоа значи дека се вриени – кажува Греета Сиду Роб, сопственик на центар за детоксикација и слабеење Нош Детокс.
– Процесот на пастеризација ги уништува поголемиот број на хранливи состојки и ензимите од овошјето и зеленчукот кои се неопходни за нашиот организам.Ако сте пак расположени да плаќате на други да ви прават коктели за здравје и убавина,најдобро е да вложите во соковник за ладно цедење на овошке и зеленчук и со малку труд да се осигурате самите секојдневно неопходната доза на витамини и минерали.

You must be logged in to post a comment Login