Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Домашен лек за болно грло

Настрана од вирусите, другиот главен виновник за појавата на болки во грлото,е климатизацијата, која излегува како меч со две острици. Од една страна, таа значително ја намалува температурата во просториите, но од друга, таа може да го воспали грлото. Грлото се воспалува токму поради оваа нагла промена на температурата и најмногу поради сушењето на воздухот во просториите во кои работи клаиматизацијата. Кога грлото ќе се воспали, имаме две опции за акција – да купиме лек од најблиската аптека или да побараме помош од народната медицина.

По сите апели за здрав начин на живот и здрава исхрана, неспорно сите адути се во рацете на природата и она што таа ни дала. Прво, затоа што е корисно и второ, затоа што нема непотребни дополнителни додатоци кои се ставаат во лековите, освен нивните главни состојки. Најдобар асистент при воспалено грло е витаминот Ц, кој го зајакнува имунолошкиот систем, и тој самиот ќе се справи со настанатите проблеми. Полн со витамин Ц е лимонот. Ако кон него додадеме и малку мед, ќе добиеме совршено средство за лекување на болките во грлото. За таа цел истискајте сок од еден лимон. Кон него додадете една лажица мед. Пијте го овој сок и ќе видите дека во утринските часови, болките во грлото значително ќе се намалат и многу брзо ќе се вратите во совршена форма.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement