Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

7 Најчести грешки поради кои не можете да ослабете

Се изгладнувате, следите правила на исхрана до последната буква и се давите во сопствената пот, но вагата и постојано стои на исто место?

Тоа им се случува на многумина. Еве неколку најчести “грешки ” поради кои не можете да ослабете:

1. Јадете премногу здрава храна

Јаткасти плодови, авокадо, леб со житарици. Сите овие се здрави производи, но важно е да внимавате на количината, бидејќи тоа што се здрави не значи дека имаат малку калории. Затоа внимавајте на количините!

2. Го прескокнувате доручекот

Доручекот е најважен оброк во денот. Ако го прескокнете, ќе направите само штета бидејќи организмот ќе мисли дека го изгладнувате, и ќе ги “заштити” мастите, но нема да ги стопи.

3. Јадете преголеми порции

Мора да почнете да мерите што и колку јадете. Ако во рецептот пишува половина лажица интегрален ориз, придржувајте се до тоа.

4.  Јадете набрзина

Одвојте време за оброк и посветете се на храната. На тој начин ќе внесете помалку калории, а мозокот ќе добие доволно време за да сфати дека е сит.

5. Не спиете доволно

Ако спиете најмалку седум часа, ќе го регенерирате организмот, а со доволно сон ќе имате и повеќе енергија за вежбање. Премалку сон, од друга страна, може да доведе до зголемување на апетитот.

6. Го полните организмот со производи со ниска масленост

Мастите не се непријатели! Всушност, мастите му се неопходни на организмот за нормална работа, а производите со ниско ниво на масленост се преоптоварени со вештачки засладувачи за да имаат прифатлив вкус.

7. Заборавивте на овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот се неизоставен дел за урамнотежена исхрана, а за оние кои се обидуваат да намалат неколку килограми, неопходно е да јадат овошје и зеленчук кои се богати со растителни влакна. Полесно ќе изгубите тежина и ќе имате подолго чувство на ситост.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement