Сигурни сме дека ви е позната препораката од докторите и нутриционистите дека секое утро треба да пиете чаша топла вода на празен стомак.Според експертите, овој утрински ритуал ќе го забрза метаболизмот и ќе поттикне слабеење, а доколку во водата додадете и други намирници ќе добиете вистински благодет за вашето здравје.
Ви откриваме 3 рецепти со топла вода кои ќе направат чуда за вашето здравје и линија
1. Помага при слабеење, се пие наутро и навечер
Потребни состојки:
- 1 чаша топла вода
- 2 лажици сок од свежо цеден лимон
- 1 лажица мед
2. Го стабилизира шеќерот во крвта и дава чувство на ситост, се пие наутро и навечер
Потребни состојки:
- 1 шолја топла вода
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка мед
3. Ја намалува потребата за благо, се пие еднаш во денот
Потребни состојки:
- 1 шолја топла вода
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лажица мед
- 1 лажица цимет
Водата треба да биде што потопла. Изладете ја доволно за да може да ја пиете.

You must be logged in to post a comment Login