На секои три години е важно да се проверува нивото на холестерол, што е општо познато. Знаеме дека постои добар и лош, но тука има и некои непознати.
1. Сите масти од храната ги запушуваат крвните садови
Иако се смета дека холестероло од јајцата ги запушува артериите, студија од универзитето Харвард го демантираше ова тврдење. Вистината е дека заситените масти во процесираната храна (сирење, павлака, маргарин) ја оптеретуваат јетрата и го покачуваат лошиот холестерол. Препорака е на двневна база да се внесува ограничена количина на 16 грама.
2. Вежбањето може брзо да помогне
Иако истражувањата покажуваат дека 40 минути физичка активност го покачува добриот холестерол, овој ефект не се постигнува преку ноќ. Н мажите во просек им требаа три месеци а на жените дупло подолго.
3. Еден добар наод гарантира добро здравје
Оваа заблуда може да ви го упропасти животот. Посебно се осетливи жените, бидејќи нивото на холестер им расте во менопауза. Доколку е се во ред крвта треба да се проверува на две години.

You must be logged in to post a comment Login