Вчера го видовте првиот дел од ужинките кои ќе ви помогнат во детоксикација на телото. Денес ви го претставуваме останатите пет.
Ананас: Ананасот е познат по своите способности за чистење на порите во белите дробови и по тоа што ги намалува мастите на стомакот. Јадете неколку парчиња на ова слатко овошје на празен стомак за да ги искористите неговите моќни ензими.
Chia Fresca: Овој пијалок треба да ви помогне во детоксикација во телото … особено наутро по луда ноќ. Едноставно потопите половина лажица Chia семиња во една чаша вода и оставете да стои 10 минути. Потоа додадете малку лимон. Освежувачки, нели.
Цитрон: Цитронот исто така, помага да се спречи гладта, но се не завршува тука. Ова овошје го забрзува метаболизмот и содржи еден тон витамин Ц. Помага во борбата се против настинките и и даваа сјај на вашата кожа.
Целер: Целерот е одличен извор на растителни влакна, што значи дека може да и помогне на храната да се придвижи низ вашиот дигестивен тракт. Земете неколку стапчиња целер и путер од кикирики и имата здрава ужинка за срцето која ќе ве остави целосни и задоволни.
Авокадо: Настрана од намалувањето на холестеролот, авокадото содржи хранлива материја наречена глутатион , која блокира најмалку 30 различни канцерогени влијатели, а истовремено помага во детоксикација на црниот дроб од синтетички хемикалии. Додадете неколку парчиња од оваа зелена добрина во вашите салати.

You must be logged in to post a comment Login