Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

10 Начини да изгубите килограми за време на викендот

Ако неретко претерувате со храна и пиење за време на викендот и имате проблем да се вратите на строгиот режим на исхрана, не сте сами. Но добра  вест е што и понатаму можете да имате прекрасен викенд, а истовремено да на ја загрозувата вашата диета. Се што ви е потребно е волја и добра организација.

1. Јадете јаглени хидрати за доручек. Кога внесувате јаглени хидрати за доручек, имате цел ден на располагање да ги согорите.

2. Вежбајте во пар. Наместо да одите на ручек, подобро прашајте ги пријателите да одат со вас на трчање. Времето ќе пролета, а и нема да можете да избегнете однапред договорен тренинг.

3. Запознајте се со понудите на ресторанот. Пред да отидете во ресторан со друштво, запознајте се со менито на ресторанот за да знаете дали ќе ги задоволи вашите потреби.

4. Пијте повеќе вода. Многу луѓе не приметуваат кога се жедни. Имајте секогаш шише вода при рака.

5. Испланирајте подолг тренинг преку викенд. Со оглед на тоа што преку работната недела имате многу помалку време, па дури и кратките вежби одвај стигнувате да ги ставите на распоред, испланирајте подолг тренинг преку викенд.

6. Не се изгладнувајте. Ако изгладнети се нафрлите на неделниот ручек, постои голема шанса да се прејадете. Покрај тоа, изгладнувањето може да има опасни последици по вашиот метаболизам.

7. Контролирајте ги своите порции. Не постои причина да не уживате во вашата омилена храна за време на викендот. Ако ви е тешко да ја контролирате, ставете во чинијата онолку колку што мислите дека треба да изедете.

8. Направете план за “ден потоа”. По вечерното излегување или обилниот оброк, направете план за вежбање и исхрана за наредниот ден.

9. Наспијте се. Не само што сонот влијае на доброто расположение, влијае и на хормоните кои го регулираат чуството на глад и на тој начин може да ги расипете вашите плано да изгубите вишок килограми.

10. Забавувајте се. Стресот не тера да јадеме повеќе, поготово храна која содржи шеќер и маснотии. Одвојте повеќе време за опуштање. Не само што ќе ви помогне да ослабете, и на работа ќе отидете посвежи.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement