Секоја девојка има своја идеална тежина со која изгледа најдобро, но и најсекси. Во суштина идеалната тежина е онаа со која сте во оптимална здравствена состојба. Кога ќе ја достигнете таа тежина ќе изгледате и ќе се чувствате одлично, а вашето тело ќе функсионира како што треба.
Зошто е ова важно?
Вашата тежина влијае на многу нешта. Кога ќе ја постигнете вашиот тен ќе биде чист, ќе имате многу енергија и ќе можете лесно да ја одржите. Воедно добро е да не нервирате што можете да влезете во фустан со број 36, кога знаете дека сте најздрави кога вашиот број е 38.
Малку математика
Сечија идеална тежина е различна, но најчесто се детерминира според индексот на телесна маса (BMI), кој се пресметува според висината, тежината и полот. Кај поголем дел од луѓето доколку BMI калкулаторот покажува помалку од 18.5 се смета дека имаат помала тежина под нормалната, а доколку BMI е над 25 се смета дека имаат поголема тежина од нормалната. Според тоа за да постигнете идеална телесна тежина треба да се стремите BMI да биде помеѓу 18.5 и 24.
Ако имате над 20 години можете да го користите интерактивниот BMI калкулатор на почетната страница на ladybook.mk.
… но оставете малку простор
За жал, BMI калкулаторите не ја даваат целосната слика. На пример можете да бидете витки и мускулести и да имате висок BMI. За да ја одредите вашата идеална тежина треба да бидете искрени сами со себе. Ако не вежбате редовно и вашиот BMI е висок, тогаш веројатно не се работи само за конструкцијата на вашето тело.
Важно е да запомните дека BMI калкулаторот е само едно мерило за вашето здравје. Лице кое не спаѓа во „нормална“ тежина според BMI калкулаторот може да биде здраво доколку има здрави прехрамбени навики и вежба редовно. Луѓето пак кои се витки, но не вежбаат и не се хранат добро не значи дека се здрави иако се витки.
Не бидете робови на вагата
Сосема е нормално флуктуирате килограм до два на ден, особено ако сте јаделе солен оброк вечерта претходно. Во ред е од време на време да застанете на вагата, но ова не треба да биде редовна навика и да дозволите секој килограм помалку или повеќе да ве паничи.
Тест со фармерки
Ако јадете здраво, вежбате редовно и го одржувате стресот на минимум, би требало да бидете барем близу до идеалната тежина. Но откако ќе ја достигнете, ако забележите дека фармерките оддеднаш ви се малку тесни, а во меѓувреме сте отстапиле од вашите здрави навики, измерете се и видете како тоа влијаело на вашата тежина.
Одржување на тежината
Постои уште една причина поради која идеалната тежина е добра за вас: од време на време можете да се почестите со некое „забрането“ задоволство и тоа да не смени ништо. Само балансирајте ги слатките и грицките со здрав микс од овошје и зеленчук, житарки, протеини и здрави масти. Вашето тело ќе ви биде благодарно.

You must be logged in to post a comment Login