Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Како да го елиминирате салото од грбот

Многу жени имаат проблем со салото на грбот и покрај тоа што внимаваат на исхраната, редовно вежбаат и се обидуваат да го прикријат тој недостаток со помош на гардеробата. Најчест проблем е тоа што не ги прават соодветните вежби кои ќе им помогнат ефикасно да се отстрани салото од грбот.

Денес ви претставуваме фитнес трикови кои ќе ви помогнат да го отстраните вишокот сало на вашиот грб.

Зајакнете го вашиот кардио тренинг

Доколку сериозно сакате да го отстраните салото од грбот тогаш морате и добро да се испотите. Кардио тренинзите, како трчање или скокање на јаже успешно ќе ви помогнат во вашите напори. Само имајте на ум дека треба да потрошите минимум 60 минути, 4 пати во седмицата на кардио вежби за да го истопите салото и да го затегнете телото.

Работете на тонирање на мускулите

Правете таргетирани вежби кои ќе ви помогнат да ги обликувате грбните мускули и со самото тоа елиминирајте го салото. Стомачни и грбни вежби, вежби со трака како и склекови се одлични за тонирање на мускулите на грбот.

Јадете правилно

Нискокалоричната диета сигурно ќе помогне да ги стопите вишокот масти на целото тело. За жал, не може да се одреди каде прво ќе почнат да се топат мастите, но затоа може да одберете диета богата со немасни протеини, што ќе помогне во изградбата на мускулна маса. Силните мускули на грбот помагаат во подобрување на држењето, а исправеното држење ќе направи визуелно да изгледате послаби.

Внимавајте прслукот кој го носите да биде во големина која ви одговара

Многу е важно да носите точен прслук. Доколку се случи да носите помал број или лош модел, тоа исто така може да резултира со создавање на сало на вашиот грб.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement