Трчање надвор во зима? Некои од вас сигурно мислат – мора да се луди! Сепак, за љубителите на трчањето, зимата може да биде одличен предизвик. Доколку сте едни од оние кои се секогаш активни и полни со енергија и во текот на кусите и тмурни зимски денови, овие совети добро ќе ви дојдат.
1. Во зима времето може да биде навистина лошо – температурите екстремно ниски, дождот немилосрден, снегот се трупа, ветрот гризе, а сонцето е со заби. Секако, мотивацијата опаѓа и поради краткотрајноста на денот, но ако имате силна волја, нема да ја поминете зимата на каучот или пред компјутерот. Првиот совет е да се облечете добро. Тоа значи неколку слоја облека: најпрво спортска маичка, над неа спортска тренерка, а трет слој треба да биде спортска јакна отпорна на надворешни влијанија. На нозете, облечете тренерки или спортски хеланки, но не трчајте во дебели пантолони за скијање.

2. Ако ушите ви се студени, ќе ви студи и вам. Затоа, или ставете топлачи за уши или волнен стегач за глава.
3. Загрејте се пред да излезете на трчање – целосно опремени за трчање, поминете 5-10 минути загревајќи се дома. Изберете го начинот на загревање, но бидете подготвени да излезете на трчање без да губите дополнително време на загревање. Во зима, треба да обрнете повеќе внимание токму на загревањето бидејќи ќе ви треба повеќе кондиција да трчате на студениот зимски воздух. Затоа, подгответе се добро.

4. Трчајте во интервали. Тоа значи да трчате умерено, земајќи ги предвид временските услови. Не трчајте повеќе одошто можете да издржите, особено поради фактот дека во зима шансите за повреди се поголеми.
5. Дајте си време за „ладење“, т.е. немојте да се дехидрирате и да се прегревате во текот на трчањето. Наместо веднаш да влезете под тушот, кога ќе се вратите од трчање, одморете се 30 минути и дајте му на телото време да ја регулира телесната температура. Не заборавајте да пиете вода и пред и по трчањето.

You must be logged in to post a comment Login