И додека повеќето се запознаени со основните варијабили на тренингот, една многу битна честопати е занемарена, темпото на вежбите.
Темпото на изведување на вежбата или TUT (time under tension)се однесува на времето кога изведуваме одредена фаза од некоја вежба. На пример темпото 3-0-1-0 на bench press вежбата би значело следново:
3- претставува 3 секунди ексцентрична фаза од движењето, фазата кога шипката се спушта на градите
0- значи дека нема пауза кога шипката ќе ги допре градите, одма се преминува на фазата подигнување
1- притисокот на шипката од градите се прави за 1 секунда
0- нема пауза откако ќе се подигне тежината, одма се преминува на фазата спуштање
Потребно е темпото да се адаптира на одредените цели- динамични и експлозивни повторувања се добри за подобрување на спортските перформанси, вежбите за јачина и квалитет исто така се изведува со максимална брзина и концентрична фаза на движењето, додека оптеретувањето се намалува од 1-3 секунди. Ако целта е градење на мускули некои вежби треба да се изведуваат и со поспоро темпо како 2-0-2-0, 3-1-3-2 или 5-0-2-0…
Да се внимава на времето додека се изведуваат некои вежби не значи дека треба да земете штоперица во рака и да ја мерите секоја фаза од повторувањето, туку да се обрне внимание на тоа да не се изведува секоја вежба од вашиот тренинг со исто темпо. Доколку сте рекреативец потребно е да го менувате темпото со цел да се предизвика повеќе стрес на мускулите, да се подобри стабилноста и контролата на движењето и да се зајакнат ткивата на поврзување.

You must be logged in to post a comment Login