• Сподели на:

Сакате добро здравје? Избегнувајте ги овие намирници

___

Ако сте сите возрасни и обожавате чоколади и останати слатки, крајно време е да престанете. Многу пати сте слушнале но повторување нема да ви штети. Ви даваме 7 причини зошто шеќерот не е добар за вашиот организам.

1. Од шеќерот вашата кожа изгледа постаро – Шеќерот ги исфрла од рамнотежа хормоните и ги отпушта слободните радикали кои се одговорни за стареење и болест.

2. Шеќерот предизвикува зависност – Докажано е дека шеќерот предизвикува зависност осум пати отколку кокаинот. Што повеќе го конзумирате, толку повеќе вашето тело го бара.

3. Здебелува – Не само што ги уништува забите, со него се внесуваат и бескорисни калории.

4. Делува на промените на расположението – По конзумација на шеќер нагло расте количина на енергијата која го подигнува расположението. Но кратко трае, бидејки енергијата од шеќерот брзо се троши. Со тоа паѓа и расположението.

5. Шеќерот отвара апетит – Што повеќе шеќер внесувате, толку сте погладни. Дали сте приметиле дека нагло огладнувате ако за доручек изедете нешто слатко. Повторуваме, шеќерот е полн со празни калории кои само предизвикуваат глад.

6. Смета во работата на имунолошкиот систем – Внесувањето на шеќер сеиозно ја нарушува способноста на вашиот имунолошки систем во борбата против многу болести. Исто така, многубројните студии покажале дека шеќерот овозможува побрз развој на малигни заболувања.

7. Поради шеќерот можете да се чувствувате осамено – Темпото на денешниот живот е толку забрзан што морате, барем секој по малку да биде на повќе места во исто време. Не ви треба на вас во вакво темпо да се чувствувате измамено, како вашиот мозок да се наоѓа во густа магла.


Оставете коментар

___