Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Природни сојузници на убавината:Магични масла

Познато е дека маслата поради својата лековитост со векови се употребувале за негата на кожата. Предност на неговото користење за негата на лицето и за телото се бројни, но е потребно да се прилагоди за да одговараат на типот на кожата. Маслата кожата ја негуваат и хранат благодарејки на високата содржина на незаситени масни киселини, витамини, лецитин и флавоноид.

Масло од кокос

Кокосовото масло е најдобро за масна и кожа со акни поради видоката содржина на лауринска киселина, а тоа масло содржи и антибактериски компоненти. Тоа се смета како најблиска супстанца на човечките поткожни масти и компатибилно е со кожата. Исто така корисно е и за негата и за регенерирање на сувата и оштетена кожа.

Арганово масло

Арганавото масло е најдобро за сува кожа поради големата содржина на витамин Е, линолеинска киселина и каротен. Поради благите антизапаленски и регенеративни својства кои можат да се користат и за нежна детска кожа. Тоа покрај есенцијалните масни киселини обилува и со витамини, посебно витаминот Е кој успешно се бори против слободните радикали. Високото ниво на масни киселини на аргановото масло дава моќ за хидратација на кожата, а при тоа кожата слободно дише.

Маслиново масло

Маслиновото масло е познато по своете повеќе благотворни својства. Исклучително е богато со витаминот А и витеминот Е. Корисно е за сува кожа на која и дава мекост и сјај. Тоа и традиционално се користи за масажа. За ароматерапија не се користи, бидејки е многу мрсно и густо, споро се впива во кожата па поголемиот дел од етеричното масло останува на површината на кожата наместо да влезе во ткивото и крвотекот.Според истражувањата, маслиновото масло штити и од штетните UV зраци иако нема SPF.

Бадемово масло

Бадемовото масло е корисно за кожата на жените кои дојат, многу брзо ја заздравува сувата и испукана кожа, богато е со хранливи материи и витамин Е. Ценето е како универзално козметичко масло кое ја храни кожата, посебно сувата и осетлива, но и како класично масло за негата на бебето. Идеално е за масажа на лицето, телото, но и за други намени како на пример за отрстранување на шминката.

Масло од сусам

Маслото од сусам содржи витамини А,В1,В6 и Е и делува како природен заштитен фактор 4. Ги активира хормоните во кожата и го зајакнува имунолошкиот систем, го грее. Наменето е за осетлива кожа која има склоност на горење, кај псоријазата и за нега на кожата кај пушачите.

Масло од авокадо

Маслото од авокадо има извонредни способности за регенерација и подмладување поради високите концентрации на есенцијални масни киселини кои спречуваат сушење и ја одржува еластичност на кожата.  Неговото антибактериско својство го прави идеална база за козметички третмани за рани, акни, дерматитис… Го успорува појавата на знаци на стареење бидејки го подтикнува метаболизмот на колаген.

Масло од палма

Нерафинирано масло од палма содржи повеќе количини на бета каротен на кој организмот го претвара во витамин А, содржи 15 пати повеќе каротен од морков. Има исклучителни антиоксидансни својства, благодарејки на содржината на витаминот Е кој штити од стареење на ќелиите. Ниту еден друг природен извор не содржи толку витамини Е.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement