• Сподели на:

Пијалок за згодно тело најдобар пријател на секоја жена

___

Зелениот чај има голем број позитивни влијанија на здравјето на организмот, а се попопуларно е и за слабеење и за диети. Меѓутоа, неговата моќ може да биде уште посилна и поефикасна, доколку му додадеме некои одлични природни согорувачи на масти, како портокал и мента.

Ако го пиете овој освежувачки пијалок, вашиот дигестивен систем ќе ви биде благодарен, а ќе дојде и до забрзување на метаболизмот, што е клучно за процесот на слабеење.

Состојките за овој пијалок се: 1 литар вода, 5 кесички зелен чај, 1 портокал и 1 рака свежа мента.

Зовријте ја водата и сипете ги кесичките од зелениот чај на 3 минути, па потоа извадете ги и оставете чајот да се олади. Портокалот исецкајте го на парчиња. Во голем сад истурете го чајот, додајте ги парчињата од портокалот и ментата. Пијалокот оставете го во фрижидер преку ноќта за состојките да се соединат, а пред конзумирање процедете го. Добиената количина е за два дена, а се препорачува да се конзумира пред трите главни оброци во денот.


Оставете коментар

___