• Сподели на:

Пет навики кои ќе ви го продолжат животот

___

Доколку сакате да внесете повеќе енергија во вашиот живот, можеби наједноставниот начин е да тргнете со помали чекори. Дури и ако не сте спремни да се посветите на тренинзите, здравата исхрана и спиењето од 8 часа, послушајте ги овие неколку совети кои ќе ви внесат освежување во вашето секојдневие.

Смејте се на глас – Не е важно ако мислиш дека во твојот живот моментално ништо не е смешно, баш поради физичко и психичко здравје пробај секој ден да се смееш барем неколку минути на глас. За почеток, нека те насмеат духовитите пријатели, проверените серии, книги или пак што и да ви одговара.

Јадете риба – Жените во Јапонија се ретки кои имаат најдолг животен век во светот, а луѓето кои живеат на Медитеранот обично се повеќе фит и имаат помалку проблеми со срцето и васкуларниот систем. И едните и другите јадат многу риба која има малку калории, а многу омега 3 масни киселини кои се докажани како одличен противник на дијабетесот, артритис и вишокот на холестерол.

Јадете орашасти плодови – Бадеми, ораси, индијски ореви, сите овие малку плодови ќе помогнат на твоето тело да се брани од болестите на плуќата, разни врсти на тумор, дијабетес и болести на срцето.

Престанете да пушите – Знаеме колку се штетни цигарите, но можеби ќе ве заинтересира фактот дека жените кои престануваат да пушат пред 40-тиот роденден живеат деценија подолго од оние кои продолжуваат да пушат.


Оставете коментар

___