Независно дали сте пушач или не, хроничните болести на плуќата не бираат.
Истражувањето на француските научници сугерира дека со здравата исхрана можно е да се намали за третина заболувањето хронични опструктивни плуќни болести (HOBP).
Според податоците собрани од 120.000 испитаници, намалувањето на конзумацијата на црвено месо во комбинација со чест внес на производи од житарици, било поврзано со помал ризик на НОВР. Помал ризик на заболување е исто така и воочен кај испитаниците кои ретко конзумираат алкохол и газирани сокови.
Најголем фактор на ризикот за НОВР е пушењето, но е познато и дека третина од заболените од НОВР никогаш не ни пушеле.
Позитивен ефект на здрава исхрана во погледот за смалување на ризикот за НОВР бил присутен и кај пушачите и кај непушачите, без разлика на нивната возраст, физичката активност и тежината.

You must be logged in to post a comment Login