Нема кој не ужива во гумите за џвакање и дување на балони. Меѓутоа, баш во тинејџерската возраст гумата за џвакање може да предизвика мачни и чести проблеми со главоболка.
Експертите од универзитетот во Тел Авив откриле дека мастиките посебно кај адолесцендите, но и кај помалите деца и возрасните, можат да предизвикаат тешки напади на главоболки. Затоа, ако ве фати мигрена или тензиска главоболка, наместо на своја рака да земате лекови против болки, прво пробајте некое време да се откажете од својата омилена занимација.
Друго истажување пак дошло до образложение дека главоболката од мастиките едни лекари тврдат дека работата е што со џвакање на гумата доаѓа до притисок на коските и мускулите на вилицата, додека другите сметаат дека за се е крив вештачкиот засладувач аспартам.
КАко и да е, ако ве мачи главоболка, пробајте да престанете да џвакате мастики, а ако ни тогаш не пројде, пријавете се кај вашиот лекар.