• Сподели на:

Намалете ја својата тежина и одржете ја линијата со само едно правило

___

Дојде време да го напуштите правилото дека може да слабеете доколку ги броите калориите, или дека исхраната зависи од крвната група.

Доколку се борите против вишок на килограми единствено што треба да направите е да ја јадете храната која ве држи сити неколку саати.

Ова теорија на доктор Лоренс Бут и професор Роднеј Билтон, автори на книгата “Know What to Eat”.

Според нив во модерното време луѓето конзумираат намирници кои не се добри за системот за варење.

Преработената храна која е полна со вештачки додатоци не одговара на нашиот систем. Денес ние внесуваме премногу јаглехидрати, а многу малку се движиме и не ја согоруваме енергијата.

Научниците советуваат во исхраната да се внесуват протеини бидејќи на тој начин многу подолго организмот останува сит.

Кои намирници се богати со протеини?

Намирниците од животинско потекло: меси, риба, млеко, млечни производи (сирење, кашкавал, кајмак, јогурт, кисело млеко, павлака, сладолед) и јајца.

Намирници од растително потекло: житарици, компир и грав, грашак, боранија, соја.


Оставете коментар

___