Не е доволно само здраво да се храните. Пијалоците кои се внесуваат во организмот подеднакво влијаат на вашето здравје. Ова се најмоќните пијалоци во светот.
Зелен чај – Помага во намалување на ризикот од настанување на остеопороза, рак, болести на срцето и кариес. Зелениот чај е богат извор на флавоноид и полифенол, природни антиоксиданси кои ги штитат станиците од ракот.
Безмасно млеко – Помага во контролата за чувството на глад и го намалува ризикот од остеопороза. Содржи јагленихидрати, протеини и малку масти.
Топло чоколадо – Го подобрува расположението и го намалува ризикот од срцеви болести. Чоколадото го поттикнува производството на серотонин, невротрансмитер кој е заслужен за доброто расположение.
Сок од домати – Штити од различни врсти на рак и е одличен извор на ликопен, кој го намалува ризикот од ракот на плуќа и желудник. Исто така го намалува ризикот од настанувањер на рак на дебелото црево, јајниците, усната шупшлина, ракот на дојката и на матката.

You must be logged in to post a comment Login