Најновите трендови кога станува збор за убавината ги инспирираше многу млади девојки да објават на своите Инстаграм профили фотографии на кои имаат маска за лице во три бои , а еве за каква маска станува збор.
Се верува дека универзалната маска за лице не ги дава посакуваните резултати, затоа што кожата на лицето не е иста во сите области, па ние имаме т.н. “Т” зона, која е малку мрсна и каде порите се зголемени, а потоа повеќе чувствителен дел на окото и остатокот на лицето . На секоја област и треба имаат различна нега и методот на третман.
Најновиот третман наречен “мултимаска” е комбинација од три маски наменета за различни типови на кожа, која се применува на различни делови на лицето.
Тоа може да изгледа чудно, но многу девојки веќе ги имаат донесено овој тренд и велат дека се задоволни со резултатите. Дали вие би се обиделе со мултимаска?




You must be logged in to post a comment Login