• Сподели на:

Миење на косата со сода бикарбона

___

Зошто  ли зошто би ја миеле косата со сода бикарбона?

Добро прашање! И еве ви добар одговор:

Дали знаете што се има во вашиот шампон? За да дознаете свртете го шишенцето и почнете да читате. Листата е прилично долга и имињата, освен вода, звучат премногу како да се наоѓате во најголемата хемиска фабрика. И сето тоа го ставате на вашата коса. Кој ли тоа може да го поднесе???

Кожата на вашата глава каде е косата произведува природни масла кои најприродно помагаат во растот и здравиот изглед на вашата коса. За жал со шампонот кој постојано го користите тој баланс го нарушувате и природниот изглед на вашата коса со тоа се нарушува.

Како да го вратите природниот изглед на вашата коса? Секако дека можете да користите природен шампон. Но овде сме да ви презентираме еден едноставен, ефикасен и ефтин начин како вашата коса да биде чиста и здрава и да го поседува природниот сјај.

За тоа потребно е празно шише (од шампон кој веќе сте го потрошиле од 200 мл). Добро исплакнете го пред да го користите. Внатре ставете две (2) лажици сода бикарбона. Остатокот од  шишето наполнете го со топла вода и добро промешајте. Оваа мешавина нанесете ја на косата и скалпот и масирајте (како што правите со обичен шампон) 30-60 секунди. На крај добро исплакнете ја косата да не остане трага од сода бикарбоната и тоа е се. Содата е универзало позната како добар природен отстранувач на нечистотиите кој не остава никакви траги.

Мало напоменување: има големи шанси откако ќе почнете со овој начин на миење на вашата коса, таа да стане мрсна за кратко време. Тоа може да ве разочара, но ние го имаме одговорот зашто и што треба да се направи. Таа состојба во почетокот се појавува поради навиката на кожата на главата да создава повеќе маснотии како резултат на вашето претходно користење на купечкиот хемиски шампон. Имајте малку трпение, балансот на вашата глава и коса ќе се врати за кратко време, две до 4 недели и вашата коса и глава ќе ви бидат вечно благодарни.


Оставете коментар

___