• Сподели на:

Клучни вежби за жени за правилно обликување на бутините

___

Секојдневното седење по осум саати на ден може да остави трајни последици по здравјето, посебно на кичмата. Со правилни вежби може да ги зајакнете мускулите, да ја подобрите циркулацијата и да ги наполните батериите.

Секој ден направете барем една вежба и ќе видите колку ќе ви биде подобро.

Додека седите подигнете ја ногата, испружете ја и држете ја барем неколку секунди, а потоа вратете ја во првобитна состојба. Но немојте да ја спуштите на подот туку држете ја во воздух две секунди пред да ја спуштите. Истата постапка повторете ја со другата нога. Оваа вежба правете ја по 15 пати на ден.

Правилно седење за рамен стомак

Исто како што можете да ги зајакнете нозете, можете да гИ зацврстите и мускулите на  стомакот. Седете правилно така да столицата да го потпира долниот дел од кичмата, а рацете се на столот под агол од 90 степени и додека вдишувате вовлечете го стомакот, па задржете го воздухот околу 30 секунди. Вежбата поновувајте ја два пати на секој 1 саат.

Само 30 секунди за посилно торзо

Помрднете го горниот дел на телото налево и држете околу 30 секунди. Истата постапка повторете ја на десната страна. На тој начин ги зајакнувате стомачните и градните мускули.

 

И додека седите зајакнете ги бутините

Затегнете ги внатрешните бутни мускули и држете ги пет секунди. Постапката повторувајте ја од 12 до 20 пати на ден, а помеѓу повторувањето малку опуштете се да не добиете запаление на мускулите.

Задникот може да го обликувате седејки

Само затоа што цел ден седите, не значи дека не можете да го обликувате задникот. Затегнете ги мускулите на задникот и задржете околу 3 секунди, а потоа опуштете ги. Вежбата повторувајте ја 15 пати на ден.

Напнатоста во рамениците ја снемува за неколку секунди

Напнатоста во рамениците ршете ја со едноставна вежб. Главата свртете ја во левата странам а торзото на десна и останете неколку секунди во таа позиција. Повторете, но така да главата ја свртите надесно, а телото налево. Вежбата повторете ја 15 пати на ден наизменично со менување на страните.

 

 


Оставете коментар

___