• Сподели на:

Истражувања го откриваат идеалното време за оброк

___

Ако сакате да ослабете без премногу одрекнувања, пробајте само да го измените времето на своите оброци!

Истражувањето направено на 1.000 луѓе открива дека луѓето кои јадат во оптимално време и се држат на истата рутина секој ден, го поттикнуваат метаболизмот и полесно губат килограми.

Во студијата е откриено дека раниот доручек е клучен за побрзо слабеење, а идеално време за првиот оброк е околу 7 часот наутро.

За ручек вистинското време е меѓу 12.30 и 13 часот, додека вечерата најкасно треба да ја имате до 18.30 часот. Повеќе од 84% од луѓето ослабеле и успешно ја задржале новата килажа кога оброците ги јаделе во точно одредено време во текот на денот.

Прескокнување на оброците се покажало како многу ложа идеја на долги стази, што потврдуваат и многу претходни студии. Гладувањето најчесто доведува до јо-јо ефект, односно до брзо губење и враќање на килограмите. Со тоа, премногу лесен ручек може да доведе и до рејадување за време на вечерата.

Авторите на студијата всушност потсетуваат на старата добра мантра која глеси: Доручкувај како крал, ручај како принц, вечерај како просјак, за која тврдат дека е вистинита.


Оставете коментар

___