Појадокот е најважниот оброк во денот и не треба да го прескокнете. Дури и ако не сте премногу гладни во утринските часови.
Ако го прескокнете утринскиот оброк, нивото на шеќер во крвта паѓа нагло. Потоа, следува замор и вртоглавица, а вашиот метаболизам се успорува, а со тоа го спречува процесот на согорување на калории.
Мозокот е во сосем друга состојба поради нервоза, стануваме депресивни и сме склони кон промена на расположение.
Кога понатака во текот на денот ќе внесеме храна, ќе ни биде многу тешко да се заситиме.
Избегнување на појадокот го забавува нашиот метаболизам и шеќерот во крвта ќе биде постојано нестабилен.

You must be logged in to post a comment Login