Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Еве неколку совети за здраво слабеење

5 важни ставки кон кои треба да се придржувате ако сакате да намалите килограми…

Најголемиот дел од луѓето кои држат диети набрзо повторно се соочуваат со вишок килограми и се враќаат на стандардниот начин на исхрана. Значи, што е она што мораме да направиме за да ја постигнеме саканата килажа? Најважно е да сакате да внесете промени во својот живот. Заменете ги старите лоши навики со нови и здрави.

Ви ги претставуваме петте главни фактори кои ќе ви помогнат на здрав начин да ја постигнете саканата килажа.

  1. Вежбање

Секојдневната физичка активност согорува калории и ствара мускули, а во исто време прави да изгледате и да се чуствувате подобро. Дури и шетањето на кучето или возењето на велосипед до школо или продавница можат да направат видлива разлика. Доколку сакате да согорите повеќе калории зголемете го интензитетот на активности, а можете да почнете и со некои малку посилни вежби кои ќе ви помогне при обликување на мускулите.

  1. Намалете го времето кое го поминувате пред телевизорот

Еден од најголемите непријатели на непосакуваните килограми е всушност телевизорот. А наместо која било врста на физички активности, поголемиот дел ќе изберат да одмараат пред телевизор. Во оваа категорија спаѓаат и времето кое го поминувате пред компјутер, користење на мобилен телефон и играње на видео игри. Ограничете ги овие активности на помалку од два саати дневно, па дури и наместо тоа одете со друштво во трговскиот центар, секако ќе бидете поактивни и покорисни.

  1. Водете сметка за големината на порцијата

Порцијата храна обично е поголема отколку што би требало да биде, а тие екстра калории кои ги внесуваме логично, водат кон гојазност. Уште еден важен фактор кој навистина влијае на добивање на килограми е внесувањето на напитоци со голема количина на шеќер во организмот. Значи одлучете се за помала порција, доколку сте во ресторан добро е дури порцијата да ја поделите на два дела, трудете се да го намалите внесувањето на сокови и останати засладени напитоци на минимум и почесто одлучувајте се за вода.

  1. Секојдневно јадете овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот претставува многу повеќе од витамини и минерали. Тие се полни со влакна, а како такви брзо ќе ве заситат. Со самото тоа организмот ќе побарува помала количина на храна.

  1. Не прескокнувајте го појадокот

Доручекот е оброк кој го покренува вашиот метаболизам, ги согорува калориите и ви дава енергија за сите активности кои ве чекаат. Луѓето кои го скокнуваат доручекот во текот на денот ќе осеќаат поголема глад, поради што често доаѓа до прејадување, а со самото тоа допрекумерно внесување на калории во организмот. Всушност, према некои истражувања, лушето кои го прескокнуваат доручекот обично имаат поголем индекс на телесна маса од луѓето кои доручкуваат.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...