Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Еве како правилно се мачка крема за сончање

Верувале или не, секоја трета особа знае како правилно на кожата да нанесе средство за сончање. Но кога заштитата од негативен аспект од сончевото зрачење е во прашање, луѓето многу грешат. Затоа ви наведуваме неколку основни правила со кои на летување ќе добиете совршена боја и тен, а ќе избегнете опекотини и рак на кожа.

Купување на крема – Лосион за сончање бирајте према типот на кожата и пратете ги упатствата на производителот за правилно нанесување. Доколку содржи оксибензон или ретинил палминат, немојте да купувате, затоа што овие состојки се опасни за здравјето.

Степен на заштита – Независно за каков вид на кожа станува збор, за првите денови ви е неопходен минимум фактор 30.

Млеко, лосион, спреј или крема? – Иако средството за сончање во спреј е лесно за да се нанесе, лдокторите не го препорачуваат. Работата е во тоа што со вакви нанесувања, состојките на кремата кои се безбедни за кожата, лесно се вдишуваат и се пренесуваат во дишните патишта каде можат да направат многу лоши нарушувања во здравјето.

soncanje 1

Мачкајте се почесто – Ако сте купиле лосион за сончање со фактор +50 не значи дека треба да се намачкате само еднаш и толку. Многу е важно да нанесувате крема на секои 2 часа, посебно секој пат кога излегувате од вода. Децата и луѓето со побела кожа мораат да се штитат и почесто.

Колку крема е потребна – Ако едно пакување ви трае и по неколку години, време е да знаете дека погрешно сте нанесувале крема. Едно пакување од 200 грама е доволна само за 5 дена.

Делови на телото кои сите ги забораваат – Ушите, стапалата, усните, очните капаци, пазувите, деловите испод колената, лактите и дланките… Ова се местата кои лесно можат да изгорат, а сите забораваат да ги намачкаат.

soncanje 2

По сончање – Доколку сакате вашиот тен да остане совршен, на плажа истуширајте се со ладна вода, а веќе во вашето сместување да се туширате со млака вода. Нанесете некое средство за после сончање или некој друг освежувачки лосион.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement