Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Експресна диета со компири

Често се смета дека компирите воопшто не се за луѓето кои сакаат да се борат со килограмите. Во реалноста, сепак тоа не е точно. Прво во 100гр компири има само околу 80 калории. И второ, во овој производ има голема количина на витамин Ц, како и елементи исклучително корисни за срцето. Затоа диетата која ќе ви ја презентираме, е навистина ефикасна и здрава! Се прави четири дена, и се намалуваат минимум 2 килограми.

1 Ден

Појадок: Исечете го вашето омилено овојшје на ситни коцки и кон него додадете една кофичка кисело млеко. По желба можете да ставите и малку овес.

Ручек: 600гр компири се сечат на кругови и се запечуваат со црн пипер и сол во рерна. Непосредно пред да бидат готови, се додава 100гр рендано сирење. Се конзумира само половина од количеството.

Ужина: Мандарина, портокал или јаболко.

Вечера:  Другата половина од компирите, останати од ручекот, зачинета со сос од кисело млеко и лук.

2 Ден

Појадок: 50гр сирење со ниска масленост и 1 парче препечен пченкарен леб.

Ручек: 4 варени компири со средна големина измешани со варен карфиол и брокула.

Ужина: Чаша млеко со ниска масленост.

Вечера: Направете супа од компири и зеленчук по избор. Без фиде! Каснете си колку ви се јаде од неа.

3 Ден

Појадок:  200гр кисело млеко.

Ручек: 200гр компири, запечени со едно јајце, малку сирење и свежи домати.

Ужина: Јаболка или грејпфрут.

Вечера: 200гр печени компири со 50гр сирење.

4 Ден

Појадок:  1 препечено лепче со 50гр пилешко месо и половина грејпфрут.

Ручек: 200гр варени компири, салата од пиперки и домати.

Ужина: Чаша сок од моркови и 1 препечено лепче.

Вечера: Сварете 300гр компири. Исечете ги на коцки и додадете кромид, лук, 50гр сирење и 3-4 лажици кисело млеко. Може да зачините со малку сол и сок од лимон.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...