• Сподели на:

Браздите на кожата се запишани во гените

___

Познато е колку жени покрај целулитот се нервираат и за браздите по телото каде се јавуваат по ширењето на кожата. Со стриите се борат сите жени во светот, а козметичките фабрики веќе со децении заработуваат голема сума пари на кремите против овие незгодни промени на кожата. Истражувањата покажуваат дека жените би требало да дигнат раце од разни препарати против стриите, бидејки појавата на бразди е запишана во нашите гени.

Во текот на студиите во кои биле вклучени околу 34 илјади луѓе, двојата ДНК ја дале мајките кои имале големи пост-породилни стрии, а резултатот бил неверојатен. Крајните точки на истражувањето покажале дека гените се главна причина за настанувањето на стриите.

Кога ќе дојде до мутација на специфичниот ген ELN кој го нарекуваме и еластин доаѓа до појава на стриите, за дури 40 проценти. Тој е одговорен за еластичноста на влакната кои помагаат на ткивата природно да се растегнуваат и да се затегнуваат.

На научниците им останува да спроведат истражување за тоа како би направиле начин да се стимулира произведувањето на еластин, што би го спречило настанувањето на стриите.


Оставете коментар

___