• Сподели на:

7 витамини и додатоци кои не смеете да ги земате!

___

Многу луѓе не знаат дека и со витамините не треба да се претерува. Умерени дози може да бидат здрави, но повеќето витамини ќе ги внесете преку здрава храна. Сепак, одредени витамини и додатоци не би требало да ги земате.

  1. Калциум – Иако би требало да внесуваме големо количество на калциум, неговиот додаток ви можел да биде опасен, поготово за луѓе постари од 50 години. Постарите луѓе потешко го апсорбираат овој минерал па така тој може да заврши ви артериите и коските. Тоа доведува до зацврстување на артериите што може да предизвика срцев или мозочен удар.
  2. Пренатални витамини кога не сте бремени – Жените земаат пренатални витамини кога не се бремени поради посјајна коса, почиста кожа и појаки нокти. Се тоа звучи позитивно, но не е добро да земате и додатоци кои не се наменети за вас. Пренаталните витамини содржат повеќе железо отколку што и е потребно на жената кога е бремена, а одвишок железо доведува до констипација, повраќање и мачнина. Покрај тоа, филната киселина може да ви го забрза работењто на срцето, да ви се појави повремено пецкање на ножните прсти и да допринесе за губење на памтењето.
  3. Креатин – Овој додаток најмногу се користи за градење и заздравување на мускулите. Сепак истражувањата покажале дека одвишок од овој додаток може да доведе до дехидрација и оштетување на бубрезите. Покрај тоа, може да ја влоши состојбата на луѓе кои боледуваат од астма. Земање на креатинот се препорачува под строги медицински набљудувања.
  4. Витамин С – Во главно таблетите витамин С не се штетни. Сепак, 200 милиграма и повеќе може да го зголеми ризикот од камен во бубрегот. Најголемиот проблем се додатоците на витаминот С е тој што се навистина непотребни. Студиите покажале дека неговите додатоци не помогнуваат во спречувањето на настинка. Само јадете повеќе зеленчук и овошје и ќе бидете добро.
  5. Соја изолат – Може да се најде во некои протеински чоколади и има негативна страна. За жал, може да има естрогенски ефект, што настанува проблем кај постарите мажи кои веќе се борат со балансот на хормонот естроген и тестостерон. Тоа може да отиде толку далеку што може кај мажите да се формираат дојки.
  6. Јохимбин – Е додаток кој може да доведе до еректилна дисфункција, аритмија и проблеми со крвниот притисок.
  7. Мултивитамини – Студијата која во текот на 25 години пратела 38.770 жени открила дека е предвремена смрт почеста кај оние кои земале мултивитамини, витамин В6, фолна киселина, железо, магнезиум, цинк и бакар. Доволно е само да јадете зеленчук.

Оставете коментар

___