Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

6 ритуали кои не треба да ги прескокнуватe

Некои работи се добри за нас и во никој случај не треба да се одрекуваме од нив.

Ритуалите ни го олеснуваат и поедноставуваат животот и затоа од следните 6 ритуали не треба никако да се одрекувате.

1.     Утринска рутина

Некои луѓе сакаат да читаат весници и пијат кафе во тишина, додека други тоа време го користат за утринско вежбање. Не се одрекувајте од својот утрински ритуал. Подгответе си ја храната навечер, подесете го алармот 10 минути порано и дајте си себеси време наутро за да се “составите”.

2.     Медитација

Студиите покажале дека редовната медитација позитивно влијае на срцето и умот. Одвоите пет минути за медитација додека сте во канцеларија или прошетајте околу зграда за да го разбистрите умот.

3.     Семејни ритуали

Немојте да ги пропуштате семејните собирања и искористете ја секоја прилика да ручате заедно со нив или да испиете кафе заедно. Ако имате одредени денови кога се среќавате, дајте се од себе да тоа време бидете слободни, бидејќи потребно ви е да бидете со своите најблиски за да се чувствувате убаво и да ги наполните батериите.

4.     Бидете ефикасни на работа

Многумина од нас деновите на работа ги поминуваат гледајќи во часовникот, чекајќи да заврши работното време, за да си одат дома. Наместо деновите да ги поминувате без мотивација, потрудете се да ја искористите секоја минута ефикасно и да си создадете обврски на работа на кои ќе се радувате и ќе ги извршувате со задоволство.

5.     Одржување контакти со пријателите

Јавете се секој ден кај некој ваш пријател и покажете му дека мислите на него. Тој ќе го почитува тоа. Блиските пријатели ќе разберат дека немате време секој ден за 30 минути разговор, и нема да очекуваат од вас долги разговори. Повремено сретнете се и излезете на вечера или на по некој пијалок со неколку пријатели.

6.     Опуштање со домашните

Целодневните обврски оставаат многу малку време и енергија за навечер да уживате со сопругата и децата и да им се посветите, но тоа е неопходно. Одржување на добри односи со луѓето со кои живеете е многу важно. Обавезно секој ден прашајте ги каков ден имале, што правеле, како се чувствуваат и слично.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement