• Сподели на:

Зошто непријатно мирисаме: Ова треба да го контролира потењето

___

Колку се повисоки температурите, потта ни претставува најголем проблем. Некои имаат толку големи проблеми да не можат лошиот мирис да го контролираат и со дезодоранс. Поради тоа ова се неколку работи кои мора да ги знаете.

1)      Постојат два вида на потни жлезди

Постојат два вида на потни жлезди: екрин и апокрин. Екрин жлездите се наоѓаат насекаде по телото и произведуваат воденаста пот, како би се одржувала температурата на телото и да се разладите. Апокрин жлездите се наоѓаат на местата каде што имаме фоликулни влакна (на главата, под пазувите, на препоните) и потта која ја произведуваат е слична на восок и маст и поради липидите кои се лачат.

2)      Вашите влакна може да го зголемат мирисот

Самата пот која ја лачат апокрин жлездите не се одговорни за мирисот. Мирисот го произведуваат бактериите кои ги привлекуваат овој вид на пот. Кога ќе се измешаат мастите од апокрин жлездите започнува мирисот. Колку повеќе влакна имате, бактериите имаат поголема потвршина да се размножуваат, поради што потта станува поотпорна.

3)      Стик и антиперспирант се многу јаки

Најдобро ќе се одбраните доколку користите антиперспирант во вид на стик. Антиперспираното делумно влијае на потните жлезди да не произведуваат пот, додека дезодорансите само го маскираат мирисот.

4)      Медицински третмани се алтернатива

Во екстремни случаи, кога козметичките производи не помагаат, некои луѓе може да побараат помош од дерматолог и да побраат ботокс. Ова процедура ја одобри Администрацијата за храна и лекови која има за цел да го спречи потењето – но ова инекција ќе треба да ја ставате секои три – четири месеци.

5)      Храна која јадете влијае на мирисот на вашата пот

Лук, кромид и кари се класични поттикнувачи на непријатниот мирис. Доколку вашата пот има лош мирис, мирисот ќе ви биде уште полош доколку ги конзумирате.

6)      Претераното перење може да ја влоши ситуацијата

Антибактериски сапуни и купка се добри за отстранување на мирисот, но не треба да претерувате. Некои луѓе ставаат и алкохол на местата кои се потат, со што само ја сушат кожата, па телото произведува повеќе пот.

7)      Стресот произведува пот

Докажано е дека луѓето кои се под стрес повеќе се потат. Затоа не е воопшто чудно доколку се испотите кога одите на некој важен состанок.

 


Оставете коментар

___