• Сподели на:

Зошто некои луѓе не можат да ги остават цигарите?

___

Постојат луѓе кои се веќе „бивши пушачи“ така што еден ден едноставно одлучиле повеќе да не консумираат цигари. Меѓутоа, на други ниту психотерапија во комбинација со никотински фластери не може да им помогне. Зошто е тоа така?

Научниците велат дека можеби ја откриле причината. Тие успеале да предвидат колку ќе биде успешен обидот за оставање на цигарите на некој поединец, врз основа на проучувањето на неговите мозочни активности.

Откриле дека оние кои покажале најслаби реакции на награди, имаат најмалку шанси за успешно оставање на цигарите.

„Веруваме дека нашите откритија можат да објаснат зошто на некои пушачи им е толку тешко да се откажат од тутунот“, вели д-р Стивен Вилсон, доцент по психологија на Универзитетот Пен Стејт во Пенсилванија.

„Потенцијалната корист од престанување со пушење, како заштедата на значаен паричен износ и подобро здравје, на некои луѓе едноставно не им се толку важни“.

Истражувачите регрутирале 44 пушачи за да го испитаат реагирањето на центарот на мозокот на понудена награда. Нив им биле понудени пари за секоја неиспушена цигара.

Им било речено да не запалат цигара барем 12 часа пред изведувањето на експериментот, а потоа учесниците провеле време под магнетна резонанца додека играле игра на погодување карти со можност за заработка.

Исто така, на учесниците им било речено да почекаат барем два часа по експериментот пред да запалат цигара. Меѓутоа, во текот на играта им било кажано дека дошло до грешка и дека можат да излезат на 50-минутна пауза. Ако за време на паузата не испушат цигара, ќе можат да заработат по еден долар за секои пет минути, значи вкупно 10 долари.

Д-р Вилсон и неговите колеги откриле дека пушачите кои не можеле да се спротивстават на предизвикот да запалат цигара, покажуваат послаби реакции во центрите на мозокот задолжени за награда.


Оставете коментар

___