• Сподели на:

Знаете ли што е подобро: Туширањето наутро или навечер?

___

Генерално, туширањето зе смета за поздраво од бањање, бидејки не се седи во вода полна со мртви клетки и нечистотии.

Експертите предупредуваат дека секојдневното туширање, без разлика колку е пријатно и пожелно во време на високи температури и прекумерно потење, не е толку здраво за кожата, бидејки ги суши природните маснотии кои служат како заштита. Агресивните средства полни со детергент као што е СЛС(содиум лаурет сулфат) можат да предизвикаат прекумерна сувост, па и потење, па се советува повремено користење на гелови за туширање, почесто да се миете со обична вода.

Навиките за туширање се често и културолошки, така што во Азија често се тушираат навечер, додека пак во САД се тушираат во утринските часови. Во Европа такви правила нема, па така љубителите на утринското и вечерното тушурање се во сличен број.

Предности на утринско туширање

1.Утринскиот туш расонува подобро од кафе-ја поттикнува циркулацијата и го забрзува пулсот, со што го става телото во погон и овозможува подобра концентрација во утринските часови.

2.Туширањето наутро е подобро за луѓето со масна и нечиста кожа, кои преку ноќ се потат и подоцна во текот на денот можат да ги затворат порите. Препорачливо е користење на млака вода.

3.Ја намалува мускулната напнатост, па така утринскиот туш е одличен за да ја намалите вкочанетоста во вратот или болката во грбот.

Предности на вечерно туширање

1.Туширање навечер е одличен начин за опуштање по долгиот напорен ден. Тушот го симнува крвниот притисок и го намалува стресот.

2.Вечерниот туш ќе ви помогне брзо да заспиете- тоа е потврден лек за несоница бидејки делува смирувачки со што му сигнализира на телото да започне со ослободување на мелатонин, хормон кој го поттикнува сонот.

3.Вашата постелнина ќе биде чиста доколку се туширате пред спиење.Всушност, колку и да се сметате за чиста особа, нечистотија и  мртви клетки се акумулираат на кожата.


Оставете коментар

___