Пилешкото месо може да се стави во здрави намирници, иако не е секогаш добро за здравјето. Се зависи од тоа на која начин е спремено. Прженото пилешко не е најздраво, додека вареното има многу предности. Исто така свежото месо е секогаш подобро од замрзнатот или конзервираното.
Пилешкото е немрсно месо, што значи дека има малку маст а многу протеини. Обилува со цинк, кој допридонесува за одржување на здрав апетит.
Покрај цинк, пилешкото месо обликува со фосфор и калциум, кој е добар за коските. Содржи и холестерол но и витамин Б3, кој допридонесува за намалување на холестеролот.
Исто така обилува со бројни минерали, кои го подобруваат имуниот систем, и има аминокиселини кои се добри за раст на децата.
Витаминот Б5 позитивно влијае на намалување на стресот, додека витаминот Б6 придонесува за намалување на ризикот од срцев удар. Конзумирањето на пилешко месо може да ви помогне и да се изборите со ПМС-от.

You must be logged in to post a comment Login