После зимските денови кои ве успале, време е да се разбудите заедно со природата. Ви ги откриваме намирниците кои ќе ви помогнат во тоа.
Јачмен
Оваа житарка е број еден, идеална за борба против вишокот на килограми и целулитот. Најдобро е денот да го започнете со јачмен, како утринска каша од јачмен, магдонос или млад кромид и многу сусам. Сусамот е богат со калциум и незаситени масни киселини.
Зелен лиснат зеленчук
Вклучувајте го во секој оброк. Кратко време гответе го, зачинете го со малку сок од лимон и маслино масло и уживајте. Тој се препорачува особено за жените. Го чисти организмот од токсини, но е богат и со многу минерали.
Грашак и грав
Го стимулираат црниот дроб ефикасно да функционира, а големата содржина на влакна ќе го покрене целиот дигестивен тракт, што особено ќе помогне за тие кои поради масна храна имаат проблеми со запек.
Лимон
Често треба да се јаде кисело. Користете го лимоновиот сок како прелив во разните салати како и јадења.

You must be logged in to post a comment Login