• Сподели на:

Здравите навики се најважни за зачувување на имунитетот

___

Одржувањето на здрав и јак имунолошки систем е важно преку целата година, посебно во периодот на есента, зимата и раната пролет. Својот имунитет можете да го зајакнете на многу едноставен начин, со правилна исхрана, лековити билки и вежбање.

За да го зајакнете имунитетот и да се изборите со пролетните грипови, лекарите велат дека треба да се придржувате до следниве совети.

-Доволно да спиете и да се одмарате во текот на денот.

-Мора да имате секојдневна, но умерене физичка активност.

-Правилната и умерената исхрана е многу важна. Многу овошје и зеленчук, како и намирници кои содржат влакна како кромидот, лукот, јогуртот и медот треба секојдневно да ги конзумирате.

-Треба да избегнувате стресни ситуации.

-Редовно одржувајте ја личната хигиена.

-Постојано одржувајте ја хигиената на работниот простор како и просторот на живеење.


Оставете коментар

___