Го подобрува расположението
Вежбањето стимулира производство на мозочни хемикалии кои го намалуваат стресот и анксиозноста, а тоа прави да се чувствувате посреќни и порелаксирани.
Го подобрува сонот
67% од луѓето кои вежбаат редовно, без разлика дали е наутро или навечер,потврдуваат дека подобро спијат.
Ја зајакнува вашата меморија
Една сесија на аеробни вежби го зголемува нивото на хормони во крвта, што резултира со зајакнување на меморијата. Доколку имате испит или работите на важен проект, одвојте само малку време за вежбање и ќе ги видите резултатите.
Ја стимулира вашата креативност
Вие сте задоволни со тоа како изгледате, но дали знаете дека вежбањето ја стимулира креативноста и генерирањето добри и оригинални идеи? Научно е докажано дека лицата кои вежбаат редовно на тестот за креативност имале многу подобри резултати од оние кои не вежбаат.
Го намалува ризикот од рак
Докажано е дека физичката активност го намалува ризикот од заболување на рак на дојката и ракот на ендометриумот. Колку интензивно и каков тип на вежбие потребно да се прават сѐ уште не е точно и јасно дефинирано.
Ги полни вашите батерии
Возењето велосипед, 2-3 пати неделно ја зголемува вашата енергија на 20% и го намалува заморот дури до 67%. Џогирањето или кардио вежбите го намалуваат преморот. Причина? Потта го забрзува вашиот метаболизам, ја зголемува продукцијата на допамин во мозокот, а тоа ви помага да се чувствувате помалку уморни.
Ја подобрува вашата самодоверба
Доколку сте свесни за физичката подготвеност на вашето тело, тоа ви дава дополнителна сила и моќ и ја подобрува вашата самодоверба на други полиња во животот.
Потешко до настинка
2-3 пати вежвање неделно го намалува ризикот од настинка и грип. Телото станува посилно и подготвено да се избори со бактериите и вирусите.









You must be logged in to post a comment Login