Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

За менопаузата…

Менопаузата е период кој отвора нова страница во животот на една жена. Многу жени емотивно го доживуваат овој период исполнет со бурни промени, но доколку сте правилно информирани можете да ги препознаете симптомите и да си помогнете.

Менопаузата е перидот во кој се случува хормоналниот премин од репродуктивна во пост менструална фаза. Овој период може да трае и неколку години, се додека жената не ја добие последната менструација. Кога жената ќе влезе во период на менопaуза, тоа значи дека нејзините менструални циклуси завршиле засекогаш, како и создавањето на јајце клетки во нејзиниот организам. Просечна возраст на која жените достигнуваат менопауза е 50тата година од нивниот живот. Во исклучителни ситуации климаксот може да се случи и порано.

Повеќето жени поминуваат низ повеќе или помалку симптоми на менопауза. Некои пак не поминуваат низ симптоми, а тоа обично се случаи чија менопауза е резултат на операција па во тој случај хормоналните промени се случуваат наеднаш и долгорочните симптомите изостануваат.

Кои се симптомите?

Истражувачите дошле до сознание дека менопаузата се развива во 50-70% кај жените помеѓу 45-54 годишна возраст. Повеќето од нив ги имаат следниве симптоми: жештини, ноќно потење, омалаксаност, нерегуларен крвен притисок, вишок на килограми и депресија. Подоцна, иможе да се појават симптоми како сува кожа, губење на косата, болки во коските и болки за време на секс. И уринарниот систем може да биде погоден од менопаузата. Многу жени имаат проблеми со мочниот меур, проблем кој се појавува поради губење на еластичноста. Ниското ниво на хормони може да предизвика промени на коските како на пример остеопороза.

Што се случува со телото за време на менопауза?

Јајниците полека престануваат да произведуваат хормони, а тоа предизвикува проблеми и непредвидливи менструации. Ваквата работа на јајниците исто така може да има индиректен ефект и врз жлездите (на пример, тироидната жлезда) правејќи тие неправилно да функционираат. Менструациите можат да бидат, кратки, долги, обилни или слаби. Крварењето престанува кога телото ќе произведува само мало количество на естроген. Најмалку две третини од жените кои поминуваат низ менопауза се жалат на психолошки и физички проблеми.

Како да си помогнете?

Најважно од се за жената која поминува низ период на менопауза е да спие квалитетно. Важно е внесувањето на витаминот Д, а балансираната диета и внес на мала количина на јаглени хидрати се исто така важни за телото. Препорачливо е да консумирате храна богата со витамини и минерали. Исто така, се препорачува да се да се избегнуваат цигарите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement