Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Вино, топло чоколадо, кафе…За младост!

Нешто што сите жени би сакале да знаеме е која е тајната на младоста. Науката се уште не измислила еликсир за вечна младост, но пак открива кои пијалоци треба да ги конзумираме често за да се радуваме на својата младост подолго време…

На прво место тоа е минерална вода. Нашето тело во голем процент се состои од вода, таа е неоходна за правилно функционирање на секоја клетка, а кога е дехидрирана кожата брзо ја губи еластичноста и старее. Но ако пиете барем 1,5 литри вода дневно ќе имате одлични резултати. Освен тоа водата најдобро го чисти организмот од натрупаните токсини.

После водата најполезниот пијалок  – еликсир на младоста е кафето! Кафето го намалува ризикот од рак на усната шуплина и ги штити мажите од проблеми со простатата.

Чајот е на трето место. Особено зелениот чај е познат со своите исклучителни антиоксидантни својсдтва, а имено штетното влијание на слободните радикали е еден од најголемите катализатори на стареењето. Освен тоа зелениот чај ја балансира размената на материи во организмот и го намалува ризикот од разни форми на рак.

Уште еден наш омилен пијалок може да ни помогне во борбата со стареењето. Виното е одличен извор на антиоксидансди и ако го пиете во умерени колични ќе уживате во неговите бенефити или подмладување на духот и телото.

Во истата група полезни пијалоци припаѓа и топлото чокладо. Ммм, кој би откажал една таква доза младост? Овој пијалок е богат со антиоксиданси, но треба да знаете дека нив ги има најмногу во какаото, па затоа избирајте продукти со висок процент какао.

На петто место експертите го ставиле млекото. Особено киселото млеко поради присуството на млечно кисели бактерии кои прават чуда во организмот. Затоа пријатели не го пропуштајте ова богатство што ни го дала природата и уживајте во животот!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement