Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Верувате ли дека намерно нѐ инфицираат со болести?

Научното истражување покажува дека половина Американци веруваат макар во една медицинска теорија на заговор. Најпопуларна е онаа според која државата намерно ги спречува луѓето да се излечат со природни лекови, во неа веруваат 37 отсто од испитаниците.

Џеј Ерик Оливер од Универзитетот во Чикаго, кој го водел истражувањето, изјавува дека на луѓето им е полесно да веруваат во теориите на заговор, отколку во комплицираните медицински објаснувања.

„Приказната за епидемиологијата и теориите на веројатноста е потешка за разбирање од приказната која гласи : ’Ако ова го внесеш во твојот организам, ќе ти биде лошо‘“, објаснува Оливер.

Тој и неговиот колега ги анализирале одговорите на анкетата во која учествувале 1351 возрасен Американец. На испитаниците им биле понудени шест популарни медицински теории и од нив било побарано да одговорат дали некогаш чуле за нив и дали се согласуваат со она што тие го тврдат.

Се покажало дека дел од учесниците во анкетата верува дека американската агрнција за шпионирање намерно инфицирала голем број на афро-американци со ХИВ вирусот. Американската влада наводно знае дека мобилните телефони предизвикуваат рак, но не презема ништо во однос на тоа. Исто така, тие верувале дека вообичаените вакцини доведуваат до појава на аутизам кај децата.

Околу 50 проценти на испитаниците се сложиле со макар една од наведените теории на заговор. Во теоријата за поврзаноста на вакцините со аутизмот веруваат 20 проценти од испитаниците.

Истражувачите заклучиле дека оние кои веруваат во теориите на заговор почесто ги избегнуваат традиционалните лекови и се ориентираат кон алтернативната медицина.

„Наместо овие пациенти да ги сметаат за луди, лекарите треба да бидат свесни за нивните ставови и фактот дека тие веројатно нема да се придржуваат до препишаната терапија“, напоменува Оливер.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement