• Сподели на:

Утринска навика која ќе ви го промени животот: Започнете да го правите ова и секогаш ќе изгледате фит

___

Не станува збор за диета, ниту пак напорни вежби. Доколку сте од оние личности кои потешко се одлучуваат на диета,  а уште потешко на вежбање, а сакате секогаш да имате витка фигура и совршени пропорции, би требало да практикувате мал ритуал од пет секунди секое утро.

Научниците дошле до заклучок дека утринското мерење влијае на количината и видот на храна која што ја внесувате во текот на денот – пишува американското списание Journal of Obesity.

– Лицата кои се мерат секое утро, повеќе внимаваат што ќе јадат во текот на денот, затоа што бројката од вагата ги опоменува во текот на целиот ден на што да обрнат внимание – велат експертите.

Студијата потврди и дека утринското мерење влијаело и на желбата на учесниците да започнат диета или барем да го намалат внесувањето на калории и мрсна храна.

– Бележењето на податоци за тежината и редовното следење на состојбата имаат моќ да ги освестат лицата и да ги поттикнат да се насочат кон правилна исхрана и вежбање.

Што е најдобро од се, откако ослабеле, испитаниците секое утро ја одржувале телесната маса и до две години и така спречувале појава враќање на килограмите.


Оставете коментар

___