Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Убавина директно од фрижидерот: Намирници за подобар изглед!

Советите за убавина во домашни услови се секогаш забавни, а ние се одлучивме да ви откриеме неколку нови.
Морска сол
Неколку лажички морска сол се одлични за пилинг на кожата. Ставете ја на саканата површина, а потоа нежно тријте. Исплакнете со ладна вода и нанесете крема за тело. Веднаш ќе ги забележите саканите резултати. Избегнувајте го пределот околу очите.
coarse_sea_salt
Компири
Темни кругови под очите? И ние ги мразиме! Исечете сиров компир на неколку тенки парчиња, кои ќе ги ставите на пределот околу очите и оставете ги да делуваат 15-20 минути. Ова повторете го неколку пати неделно. После тоа нанесете крема за пределот околу очите.
 potato
Лимон
Жолти нокти никако не се пожелни на вашите раце, а дамките можете лесно да ги отстраните со помош на сок од лимон во кој ќе ги натопите ноктите на 5 -10 минути. Истиот ефект го добивате и од пастата за заби, која ќе ја нанесете со помош на четка за заби.
lemons
Јагоди
Многу девојки се борат со акни, а неколку згмечени јагоди на местата каде се појавиле акни (лице, гради, грб), кои ќе ги оставите да делуваат неколку минути, ќе ви помогнат да се ослободите. Јагодите содржат салицилна киселина, која помага во убивањето на бактериите кои произведуваат акни.
strawberry
Сода бикарбона
Нема ништо полошо од сува, досадна и оштетена коса. Покрај маслиновото масло, кое проверено го враќа сјајот на косата, постои уште еден трик. Помешајте малку сода бикрабона во шампонот. Резултатите ќе ги видите по првото миење.
soda-bikarbona
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement