• Сподели на:

Топ три намирници за долг живот: Јогурт, вино и цреши

___

Доколку водите сметка за својата исхрана и го обликувате своето тело, ќе дознаете кои намирници ви се погодни а кои не. Овие три намирници сигурно ќе ви го продолжат животот.

Црно Вино

Ресвератрол е соединение во црното вино кое потекнува од кората на грозјето и ја дава бојата на ова овошје. Неодамна научниците откриле дека ресвератролот ја зголемува активноста на специфични гени, сиртуини, кои штитат од стареење стимулирајќи ги митохондриите, мали бактерии во внатрешноста на нашите ќелии.

Алкохолот може да ни помогне да живееме подолго и ја штити нашата ДНК од штетување. Истражувачите откриле дека должината на нашите теломери ( делови од ДНК на крајот од хромозомите) одредува колку долго ќе живееме. Неодамна студија открила дека, кофеинот ги намалува теломерите, додека алкохолот ги зголемува. Секако клучно е конзумирањето во умерени количини.

devojka-sa-crnim-vinom-1398092419-33824

Јогурт

Бактериите кои живеат во нашиот стомак секојдневно добиваат повеќе на значење во медицината. А тоа затоа што постои специфичен однос помеѓу нашата стомачна флора и имунолошкиот систем. Всушнос дури некои истражувачи веруваат дека нашиот имунолошки систем живее во нашиот стомак.

Сега се тестира дали одредени видови на пробиотик можад на помогнат во продолжување на животниот век. Откриено е дека глувците кои се хранат со пробиотикот Bifidobacterium animalis lactis живеат подолго и се поздрави од глувците кои не се хранаеле.

devojka-jede-vocni-jogurt-1398092419-33830

Цреши

Полифеноли се молекули кои се наоѓаат во црешите и тие ги штитат од ултравиолетово зрачење и инфекции. Истражувањата потврдиле дека оваа молекула ги штити и луѓето на ист начин. Доколку конзумирате 650 грама полифенол, ќе живеете подолго од оние кои добиваат помалку од тоа.

Во еден оброк црешите содржат 1200 mg полифенол, боровинките 700 mg, а плавиот домат околу 1500 mg по оброк.

devojka-sa-tresnjama-1398092779-33832


Оставете коментар

___